Папараците ги „фатија“: Ребел Вилсон на прошетка со новата девојка низ улиците на Лос Анџелес

ребел вилсон
Ребел Вилсон и Рамона Агрума/Фото: Профимедиа

Актерката Ребел Вилсон и нејзината девојка, дизајнерката Рамона Агрума, повеќе не ја кријат својата љубов. Девојките беа забележани по улица во Лос Анџелес.

Папараците ги фотографирале како шетаат низ улиците на Лос Анџелес додека си разменувале бакнежи и
прегратки. Воопшто не им беше грижа што фотографите се зад нивни потпетици.

Во јуни Ребел ја изненади јавноста кога на својот инстаграм-профил објави вест за нејзиниот љубовен живот. Таа потврди дека е во врска со Рамона.

„Мислев дека го барам мојот принц од филмовите на Дизни… Но, можеби она што цело време ми требало била принцезата“, напиша 42-годишната актерка во описот на фотографијата со својата девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Ребел се појавуваше со Рамона на бројни настани во последните неколку месеци, но сите тогаш мислеа дека тие двајца се само добри пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот