Прв ден на работа, прв проблем: Шаќири стана директор на МКЦ, ама не може да седне во директорското столче

Бени Шаќири/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Музичарот Бени Шаќири од вчера е директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), но на неговиот прв работен ден настанал проблем, бидејќи, сега веќе поранешниот директор Никола Алексов не сакал да го напушти столчето, објави Нова ТВ.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска лани на 18 јануари го назначи Алексов за в. д. директор, а потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението пак за Шаќири е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.
Освен Шаќири, за местото директор биле и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Алексов пак кој е дипломиран детектив, беше поставен на функцијата во јануари минатата година откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Рекации следуваа од Програмскиот совет на МКЦ кои рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

Бени Шаќири нов директор на МКЦ?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот