Против Грузија за 9.250.000 евра: Нема да ја пропуштиме оваа шанса!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот репрезентативец во текот на вчерашниот натпревар против Косово се најде неколку пати во добра позиција да го загрози противничкиот гол, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Езџан Алиоски, играчот на премиерлигашот Лидс јунајтед, верува дека со квалитетот кој го имаат играчите во нашата најдобра селекција може да се оствари крајната цел, пласман на Европското првенство.

– Овој последен чекор е многу тежок. Игравме против Грузија пред еден месец (1:1 во Тбилиси), исто така не беше лесен натпревар, но гледаме шанса дека можеме да ги победиме и нив. И Грузијците имаат добри играчи, но квалитетот кој го имаме во составот, би требало да триумфираме, но ова е фудбал. Да, сега сме на само еден чекор од пласман на Европското првенство и ова е сон на сите играчи, селекторот, стручниот штаб, на целата земја. За првпат во нашата историја и нема да дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса – вели Алиоски за официјалниот сајт на УЕФА.

Скоро сите групи на ЕП се формирани, познати се 20 учесници, последните четири ќе ги дознаеме на 12 ноември 2020 година со последните плеј-оф натпревари.

УЕФА Лига на нации

Лига „А“: Унгарија-Исланд
Лига „Б“: Северна Ирска-Словачка
Лига „Ц“: Србија-Шкотска
Лига „Д“: Грузија-Македонија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Како што е веќе познато, Македонија доколку триумфира во Тбилиси, наредната година ќе игра во групата „Ц“ на континенталниот собир со Холандија, Австрија и Украина.

Воедно победа над Грузија ќе ни донесе премија од 9.250.000 милиони евра. Толку добива секоја репрезентација, односно секоја фудбалска федерација која ќе игра на ЕП. На самото натпреварување во групната фаза за секоја победа УЕФА плаќа 1.500.000 евра, а за реми 750.000 евра. Пласман во вториот груг гарантира додатни 2.000.000 евра.

Победникот од мечот Србија-Шкотска ќе игра во групата „Д“ со Англија, Хрватска и Чешка, потоа подобриот од дуелот Северна Ирска-Словачка ќе се најде во групата „Е“ со Шпанија, Шведска и Полска, додека Унгарија или Исланд ќе биде во многу силната група „Ф“ со Португалија, Франција и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот