Протести во Франција: Шест полицајци повредени, 119 лица уапсени
Во Франција, каде што се одржуваат протести низ целата земја, до 14:00 часот беа уапсени 119 лица, а шест полицајци беа повредени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што објави BFM ТВ, полицајци беа повредени за време на судирите со демонстрантите.
Какоп што се наведува, собирите се евидентирани на 439 локации низ целата земја и дека се преброени околу 243.000 демонстранти. а за време на протестот биле блокирани 92 патишта.
Во еден момент, учесниците на протестот се собраа пред Министерството за економија во Париз и влегоа во дворот на Министерството, но брзо си заминаа.
Францускиот премиер Себастијан Лекорни рече дека ситуацијата се следи внимателно.
По 14:00 часот во неколку градови – Париз, Бордо, Нант, поворки од демонстранти започнаа протестна прошетка.
Учесниците носат транспаренти „Макрон, ако е шампион, дај оставка“, „Пари за образование, а не за бомбардирање“, „Оданочи ги богатите, спаси ја планетата“ и многу други.
Parisienne известува дека центарот на Париз е блокиран.
Во текот на утрото, средните и основните училишта, како и железничките станици и метрото, беа блокирани, но по некое време демонстрантите се повлекоа.


