Протести пред судот во Лондон: Ќе биде ли Асанж екстрадиран во САД?

Приврзаниците на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска се собраа пред зградата на Кралскиот суд во Лондон барајќи негово ослободување.

Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, вчера го потпиша барањето за екстрадиција на Асанж во САД, меѓутоа, конечната одлука судот треба да ја донесе денеска.

Асанж моментално се наоѓа во затворот Белмарш во Лондон, каде ја отслужува казната од 50 недели заради прекршување на условите за кауција.

САД го обвинуваат дека со објавувањето на тајни документи, кои содржат имиња на доверливи воени и дипломатски извори, го прекршил законот за шпиунажа. Шведска пак, го товари за наводно силување, а двете земји бараат негова екстрадиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот