Мили Боби Браун - Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Протекоа морничави детали од снимањето на „Почудни нешта“, мета била најголемата ѕвезда: „Она што ѝ го правеа е срамотно и одвратно“

На Нетфликс излезе новата, петта сезона на „Почудни нешта“ (Stranger Things), една од најгледаните серии на оваа платформа. Како и сите претходни сезони, и оваа постави рекорди – сервисот „падна“ уште првиот ден поради огромната гледаност. Но, успехот дојде со висока цена: компанијата „Нетфликс“ наводно потрошила помеѓу 50 и 60 милиони долари по епизода, што ја прави оваа серија една од најскапите во историјата.

Колку е популарна „Почудни нешта“ покажува и фактот дека од 2020 година донела над два милиона нови претплатници и повеќе од една милијарда долари приходи. Сериијата повторно разбуди носталгија по осумдесеттите – преку атмосферата, музиката и карактерите.

Еден од препознатливите ликови е Карен Вилер, типична мајка од предградијата во осумдесеттите, чии децa, без нејзино знаење, се борат со натприродни чудовишта. Овој лик го игра актерката Кара Буоно, која за „Дејли мејл“ проговори за случувањата зад сцената, работата со младите актери и личните тешки моменти што ги поминала за време на снимањето.

Актерите Кара Боно и Фин Волфхард во првата сезона на „Почудни нешта“ / Фото: Инстаграм/Кара Боно

Фановите чекаа повеќе од три години за последната сезона, а во пресрет на премиерата се стравуваше дека личните драми на еден од актерите ќе ја засенат новата сезона. Станува збор за Дејвид Харбор, кој го толкува ликот на Џим Хопер, а кој неодамна се разведе од пејачката Лили Ален. Таа минатиот месец го објави новиот албум „West End Girl“, во кој го обвинува за неверство, а потоа во јавноста се појавија тврдења дека Харбор ја малтретирал колешката Мили Боби Браун, која во серијата е неговата посвоена ќерка, Елевен.

И покрај гласините, Дејвид и Мили заедно позираа на црвениот тепих во Лос Анџелес, насмеани пред камерите.

Буоно одби да го коментира овој скандал, но зборуваше за интернет-малтретирањето со кое се соочиле нејзините помлади колеги – Натали Дајер (Ненси), Фин Волфхард (Мајк), Сејди Синк (Макс), Ноа Шнап (Вил), Калеб Меклафлин (Лукас), Гејтен Матарацо (Дастин) и Мили Боби Браун. Кога започна снимањето во 2015 година, најголемиот дел од нив не беа ни тинејџери, што создаде притисок да растат под светлата на рефлекторите. Особено тешко ѝ било на Мили Боби Браун.

„Мили беше дете, а никој не заслужува да биде третиран така. Срамно е и одвратно кога луѓето немаат нешто попаметно да прават. Се чувствувам заштитнички кон Мили и кон сите нив“, рече Буоно.

Боно со Мили Боби Браун / Фото: Инстаграм/Кара Боно

Браун неодамна посвои дете со сопругот Џејк Бонџови, син на Џон Бон Џови.

„Мили има стара душа и мудрост. Таа е родена мајка – неверојатна, една од најсмирените личности што ги познавам, со одлична работна етика. Велат: ‘Никогаш не работете со животни и деца‘, но јас го сакам тоа, а овие деца работат повеќе од многу возрасни“, додаде актерката.

Буоно откри и дека во времето на првата сезона се борела со проблеми со плодноста.

„Сакав големо семејство, но имав неколку спонтани абортуси за време на снимањето. Мислам дека вселената ми го даде ‘Почудни нешта‘ за да бидам опкружена со деца, токму во моментот кога прифатив дека нема да имам уште деца. Навистина ми беа како мое семејство“, вели таа.

По десет години снимање, екипата станала вистинско семејство, па разделбата била болна.

„Имаше многу солзи. Толку многу пати велевме: ‘Ова ни е последен ден на оваа локација‘. Кога го читавме сценариото за финалната епизода, не можевме да поверуваме. Во последната сцена бев толку емотивна што не можев да ја изговорам репликата“, откри актерката.

Иако Карен Вилер беше спореден лик во поголемиот дел од серијата, во петтата сезона се појавува во ново светло, што ги воодушеви гледачите.

ВИДЕО | „Се плашам“: Обожавателите на „Почудни нешта“ се загрижени по изјавата на Мили Боби Браун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот