Шведскиот принц Филип и принцезата Софија/Фото/EPA/MAJA SUSLIN/TT SWEDEN OUT

Протекоа докази: Шведската принцеза се состанувала со Епстин, присуствувала на неговите озлогласени забави 

Американскиот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин и шведската принцеза Софија неколкупати се среќавале во Њујорк, пред таа да се омажи за принцот Карл Филип во 2015 година и да стане принцеза на Шведска, покажале документите од истрагата за Епстин.

Во обелоденетите документи и е-пошта од истрагата за осудениот и сега починат сексуален престапник Џефри Епстин се наведува дека претприемачката Барбро Енбом ги поврзувала младите Швеѓанки од својата мрежа со Епстин, а една од нив била Софија Хелквист, сега принцеза Софија, која неколкупати се состанувала со милијардерот, објави „Дагенс нихетер“.

Според пишувањето на весникот, Епстин, исто така, понудил да ѝ организира обука за глума.

Судот потврдил дека принцезата Софија се запознала со Џефри Епстин во различни социјални контексти.

„Принцезата Софија била запознаена со дотичниот во неколку наврати околу 2005 година“, соопшти судот.

Судот не одговорил каде, како или зошто го запознала Џефри Епстин.

Софија Хелквист се занимавала со манекенство, а била и учесничка во реални шоуа пред да се омажи со шведскиот принц Карл Филип.

Епстин беше уапсен на 6 јули 2019 година, според федерални обвиненија за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација во Флорида и Њујорк, а почина во затворска ќелија во август 2019 година.

Шведската принцеза Софија за влегувањето во кралското семејство: Тоа е траума за цел живот

Круната ја замени со медицинска опрема: Шведската принцеза Софија волонтира во болница! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот