Шведската принцеза Софија за влегувањето во кралското семејство: Тоа е траума за цел живот

hant.se

Учествувала во реално шоу, а потоа шведскиот принц Карл Филип се вљубил во неа и започнале врска. Се венчале и Софија Кристина Хелквист станала дел од кралското семејство.

Instagram

Учеството во реалното шоу било доволно за осуда од страна на јавноста, тешки навреди и нетолерантно однесување на медиумите кон младата Софија Кристина Хелквист. Таа е денес позната како принцезата Софија и војвотка од Вармланд, мајка на двајца синови, принцовите Александар и Габриел.

Instagram

Денес јавноста ја цени, ја почитува и ги одобрува нејзините постапки.

Instagram

Принцезата Софија заедно со принцот Карл Филип во вторникот вечерта гостуваа на отворањето на здружение во Стокхолм, чија главна цел е да се намали онлајн-злоставувањето и ширењето на омраза на друштвените мрежи. Во таа прилика 34-годишната принцеза се присети на „старите рани“, кои и денес ги носи во себе, а кои се последица на однесувањето на јавноста при нејзиното влегување во кралското семејство.

„Тоа беше огромна омраза кон мене како личност, луѓето беа против нашата врска. Тоа се лузни и траума за цел живот. Тешко е да се носите со тоа кога сте сами, но јас имав среќа покрај себе да имам љубов и поддршка од семејството, од сопруггот и од луѓето кои ме сакаат“, објасни шведската принцеза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот