Протечени документи откриваат руски напади против Западот — меѓу нив наводно се и отсечените свински глави пред џамии во Париз
Во септември 2025 година, девет џамии и културни центри во и околу Париз беа цел на гротескна исламофобична сцена: Крвави отсечени свински глави, секоја обележана со зборот „Макрон“ со сино мастило, беа оставени пред нивните влезни врати.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неколку месеци подоцна, тројца мажи од Србија беа осудени за злосторството во нивната матична земја. Според пресудите тие биле инстигирани, од „структури на разузнавачката служба на Руската Федерација“ во обид да поттикнат немири и нетолеранција, објави OCCRP.
Сега, еден куп протечени документи добиени од новинари од „Делфи Естонија“ и споделени со OCCRP и други медиумски партнери ја тргаат завесата од таа провокација. Досиејата го покажуваат прецизното внатрешно планирање што било вклучено во операцијата, фрлаат нова светлина врз тоа кој стои зад неа и откриваат низа други про-Кремљ напори за влијание низ Европа и пошироко.
Документите укажуваат на Агенцијата за социјален дизајн (SDA), руска ПР фирма која веќе е санкционирана од САД, Велика Британија и ЕУ за претходни кампањи за влијание – и на руската претседателска администрација, чии службеници ја надгледувале работата на фирмата, објави Проектот за известување за организиран криминал и корупција.
Неколкуте десетици датотеки вклучуваат внатрешни извештаи за планирани и завршени мисии, како и снимки од екранот од приватни разговори од алатка за соработка на работното место што ја користат и вработените во SDA и административните службеници.
Тие детално опишуваат бројни операции – интерно опишани како „когнитивни напади“ против Западот – кои вклучуваа други вандалски напади во Франција и Германија, напори за промовирање на проруски пораки преку западните лидери на јавното мислење и кампањи за мешање во изборите. Меѓу вторите е план за влијание врз претстојните парламентарни избори во Ерменија преку медиум насочен кон гласачите што зборуваат руски јазик, со цел да се спречи геополитичкото свртување на земјата кон Западот.
Документ насловен како „Извештај за операцијата „Свинска глава“ ги детализира внатрешните планови што биле вклучени во нападите врз џамиите во Париз, вклучувајќи фотографии од подготвените свински глави пред да бидат дистрибуирани, кои никогаш претходно не биле објавени во јавноста.
Според документот, група од шест оперативци пристигнала во Париз на 7 септември, спровела „извидување“ на 8 септември, ги испорачала свинските глави следната ноќ, а потоа „успешно ја напуштила земјата“.
Досието завршува со долг список на вести на француски, англиски и руски јазик за нападот.
„Операцијата доби широка покриеност во светските медиуми“, се вели во него.
Една протечена порака ја наведува една од целите на овој вид информациска војна: да ѝ се помогне на Русија „да го одржи имиџот на суперсила“ на светската сцена. „Колку повеќе Русија учествува во активни кампањи за влијание низ целиот свет, толку е посилен имиџот на глобална руска сила“, се вели во неа.
Целото истражување може да го прочитате на следниот линк.


