Промовирана првата македонска национална стриминг платформа – GLEY (ГЛЕЈ)
Нова македонска стриминг платформа, слична на Нетфликс, беше промовирана денеска. Дарко Перушевски, идеен творец и извршен менаџер на првата македонска национална стриминг платформа GLEY (ГЛЕЈ), рече дека програмските содржини ќе опфаќаат најмногу македонски филмови и филмови од регионот, но и филмови од холивудска продукција.
Препорачано
– Нема обврзувачки договори, можете да се претплатите и само на еден месец. Најниската претплата е 300 денари. Филмовите ќе бидат со македонски и албански превод, рече Перушевски.
Засега платформата ќе биде достапна за македонските граѓани, но набрзо ќе им биде достапна и на нашите иселеници во странство.
Пристапот ќе биде овозможен преку паметни телевизори, мобилни телефони, лаптоп и десктоп компјутери.
Платформата има родителска заштита за безбедно гледање детски програми.
– ГЛЕЈ сака да биде партнер во македонските продукции. Основната идеја е да понуди помош за понатамошен нразвој на таа продукција. ГЛЕЈ не е замислена како видеотека, туку како начин да се помогне македонската продукција, рече Перушевски.



