Насловна корица на албумот „Холимуд“

Промоцијата на албумот „Холимуд“ на „Максимовски јунајтед“ ќе се одржи во Дебар Маало

Најновиот албум на „Максимовски јунајтед“ (Maksimovski United), бенд кој претставува авторски проект и музичка визија на басистот и автор на музика Ѓоле Максимовски, е со наслов „Холимуд“ (Holymood). Промоцијата на албумот ќе се одржи на 17 мај, во 12 часот на пладне, во „СK 02“ во Дебар Маало во Скопје.

Музиката на албумот претставува рефлексија на амбиентот во кој живее и твори авторот. „Holymood“ е чувство, атмосфера и простор каде музиката станува медиум за создавање нова реалност.

„Holymood е чувството кое го имаме кога сме на сцена. Тоа е местото каде се обидуваме невидливите ноти да ги материјализираме пред очите на слушателот, тоа е чувство на создавање нова и подобра реалност“, вели Максимовски.

Воден од оваа идеја, Ѓоле Максимовски создаде колектив од свои долгогодишни соработници, пријатели и истакнати музичари, кои заеднички го обликуваа звукот на албумот.

Стилски, „Holymood“ може да се опише како амбиентална фузија на џез, хип-хоп, фанк и традиционална музика. Албумот содржи 8 композиции, исполнети со современ музички израз и богата инструментална комуникација.

На албумот „Holymood“ учествуваат: Ѓоле Максимовски – бас гитара и вокал, Александар Никодиновски – клавијатури, Филип Димишковски – клавијатури, Александар Ванчовски – тапани, Дино Милосављевиќ – тапани, Александар Кацарски – MC вокал и текст, Сенад Усеин – труба, Владан Дробицки – тромбон, Мите Димовски – перкусии и програмирање, Давор Јордановски – клавијатури и Дарко Тасев – акустична гитара.

Албумот е снимен во студиото „Тра Ла Ла“ на Мите Димовски и во студиото на Александар Ристовски – Принц. Продуцент на „Holymood“ е Мите Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот