Променливо облачно со сончеви периоди и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови, ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен уште од изутрина во пошироко Повардарие.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно, ветровито и постудено. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за утринска магла и ниска облачност по котлините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот