Промени во хрватскиот фудбал: Шукер разрешен, Кустиќ нов претседател на ХНС

EPA/ANTONIO BAT

Маријан Кустиќ денеска е избран за нов претседател на фудбалската федерација на Хрватска (ХНС). Ова е очекуван резултат на изборното собрание бидејќи Кустиќ беше единствен кандидат откако претходно од челното место во ХНС беше разрешен Давор Шукер.
Кустиќ е поранешен член на ХДЗ и пратеник во хрватскиот парламент, а медиумите тврдат дека тој е човек на премиерот Андреј Пленковиќ, но и долгогодишен фудбалски работник.

Изборот на новиот претседател претставуваше чиста формалност бидејќи Маријан Кустиќ веќе неколку години е прв оперативец во ХНС. Шукер девет години беше прв човек на ХНС каде го донесе Здравко Мамиќ.

– Му благодарам на Давор што ме избра за соработник. Во фудбалот одев чекор по чекор, без фудбалер, директор на клуб, претседател на општински сојуз, член на Извршниот одбор на ХНС, извршен директор на ХНС и десна рака на Давор Шукер. Откако Шукер одлучи дека нема да се кандидира, јас поднесов кандидатура. Сакам отворена и конструктивна соработка помеѓу клубовите и ХНС – порача меѓу другото, новиот претседател на ХНС, Маријан Кустиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот