Пролет е елиминиран, но забележа голема победа во Шпанија

Играчите на Андон Бошковски достојно се простија од европските купови/Фото: rkprolet.mk

Т. Пролет забележа извонреден резултат откако денеска славеше на реванш натпреварот во Шпанија против Гранолјерс со резултат 29:27 во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Македонскиот претставник е елиминиран откако вчера во првите 60 минути од двомечот загуби од противникот убедливо со 36:21.

На возвратната пресметка Михаил Аларов остигна седум гола од осум обиди, а по четири погодоци во овој голем триумф постигнаа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски.

Со овој резултат, играчите на тренерот Андон Бошковски достојно се простија од европските купови за оваа натпреварувачка сезона.

А веќе следната седмица ги го очекува првиот дуел од нашата Супер-лига, на гостински терен против градскиот ривал Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот