Производството од 2021 до денес е зголемено за 40 отсто, вели директорот на РЕК Битола

Фото: Слободен печат

Од 2021 година до сега имаме зголемено производство за 40 отсто за да се постигне тоа треба да има поголем ископ, повеќе мегавати и плус да бидат задоволни работниците, да одговорат на барањата, рече директорот на РЕК Битола Пеце Матевски во интерју за ТВ Тера.
Тој додаде дека најзаслужни за успехот на РЕК Битола се работниците, бидејќи тие се движечка сила и најклучен фактор.

– Некој вадеше документи дека РЕК Битола треба да се затвори. Не само што не е затворен, туку имаме и вработувања од 460 луѓе. По изборите ќе имаме и нови вработувања – рече Матевски.

Матевски додаде дека работниците во РЕК Битола имаат специфична работа, изложени се на разни влијанија и поради тоа мора да бидат платени за да бидат задоволни.

– Не се знае на колку адвокати им ги наполнивме џебовите што некои тужеа за неисплатен К-15. Сега немаме такви работи. Се знае, К-15 добива секој вработен и се исплаќа 100 отсто. Треба да имаме позадоволни работници и да нудме подобри услови – рече Матевски.

Директорот на РЕК Битола истакна дека се воведува и бесплатен оброк, покрај тоа што е вклучено во платата.

– Ова што го добиваат сега работниците е бесплатено и е на наша волја. Ја спремаме и мензата, каде ќе добиеме топол оброк, со цел да ги задоволиме условите на работниците – рече Матевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот