Производителите го намалуваат пакувањето, Германија го прогласи маргаринот „Рама„ за измамник на годината!
Според истражувањето на хрватската европратеничка Билјана Борзан, 94,5 отсто од хрватските граѓани забележале дека производите се намалуваат додека цената останува иста, а 66 отсто сметаат дека квалитетот на услугите за иста цена е значително опаднат, пишува Политика.
Препорачано
– Во време на висока инфлација, мултинационалните компании се обидуваат да ја поминат сметката на граѓаните и тоа на многу подмолен начин со намалување на квалитетот на пакувањето или производите. Според истражувањето, дури 94,5 отсто од граѓаните забележале намалување на тежината на одредена храна или хигиенски производи, а цените останале исти. Некои земји како Франција, Белгија или Унгарија се обидуваат да се борат преку националните закони со појасно укажување на промените на потрошувачите – вели Билјана Борзан од Комитетот за заштита на потрошувачите на ЕП.
Организациите на потрошувачи ги истакнуваат, на пример, ледениот чај „Липтон“, кој беше намален од пакување од 1,5 на 1,25 литри, „нестле“ храна за бебиња, која беше намалена од 900 грама на 830 грама. Го споменуваат и маргаринот „рама“ кој во Германија е прогласен за измамник на годината бидејќи пакувањето било намалено за 100 грама.


