Прогноза за Арктикот до крај на векот: Температурата може да се зголеми за 20 степени

Фото: encounteredu.com

Експертите од Институтот за нумеричка математика „Марчук“ при Руската академија на науки предвидуваат дека емисијата на штетни гасови ќе ја зголеми температурата во Арктичкиот басен за 20 степени до крајот на векот, изјави денеска водечкиот експерт Евгениј Володин.

Научниците создадоа климатски модел, заснован на можни промени во атмосферата, океанот, почвата и вегетацијата, како и на густината на мразот во морињата, погодени од зголемените емисии на штетни гасови.

– Климатскиот модел ни покажува дека најголемото затоплување може да биде во Арктикот. Според песимистичкото сценарио, во кое загадувањето само би растело, до крајот на векот температурата на Арктикот може да се зголеми за 20 степени, рече Володин.

Дури и ако земјите преземат радикални мерки за укинување на тешката индустрија, не би било можно да се спречи зголемувањето на количината на воздух на Арктикот, додаваат руските научници.

– На пример, ако емисијата на штетни гасови се сведе на нула до 2050 година, поради сегашниот тренд на климата, температурата сигурно ќе се зголеми за два до три степени во 21 век, додаде Володин.

Просечната температура на Арктикот е меѓу -30 и -10, во зависност од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот