Прогласени победниците на 79-от Филмски фестивал во Венеција: Кој се закити со престичниот Златен лав?
Филмски фестивал во Венеција по 79-ти пат ја славеше седмата уметност, а притоа беше прилика на едно место да се сретнат важни лица од светот на филмот, но и од шоубизнисот. Во трката за престижниот Златен лав за најдобар филм, се натпреваруваат 23 филмови, а вчеравечер беше свеченото затворање на фестивалот.
View this post on Instagram
За најдобар филм е прогласен документарниот филм на Лаура Поитрас „Сета убавина и крвопролевање“. Документарецот на Лаура Поитрас е приказна за фотографката Нан Голдин и нејзиниот активизам против семејството Саклер и нивните уметнички врски, а наградената му се заблагодари на фестивалот во Венеција што призна дека „документарецот е кино“. Втората награда ја освои филмот „Свети Омер“ на Елис Диоп.
View this post on Instagram
Кејт Бланшет и Колин Фарел ги добија наградите за најдобра актерска игра. Бланшет победи за улогата на познатиот диригент во филмот „TAR“ на Тод Филд, а Фарел победи за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона.
View this post on Instagram
Лука Гуадањо го освои Сребрениот лав за најдобра режија за „Коски и сè“, со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел во главните улоги, која ја освои и наградата за најдобрата млада актерка. Жирито ја додели и Специјалната награда на жирито на филмот „Без мечки“ на уапсениот ирански режисер Џафар Панахи.
View this post on Instagram
Жирито, предводено од Џулијан Мур, ги избра победничките филмови од натпреварувачка категорија од 23 филмови, од кои многумина беа и кандидати за Оскар. Во жирито беа француската режисерка Одри Диван, чиј филм „Хепенинг“ минатата година го освои Златниот лав, авторот Казуо Ишигуро и иранската актерка Лејла Хатами. Главното жири го сочинуваа италијанскиот режисер Леонардо ди Костанцо, аргентинскиот режисер Маријано Кон и Родриго Сорогојен.
View this post on Instagram
Силното учество на натпреварот во Венеција започна многу успешни кампањи за Оскар во последниве години, што доведе до номинации, па дури и победи во неколку наврати. Седум пати во последните девет години, Оскар за најдобра режија добиваше филм кој имаше светска премиера на фестивалот во Венеција, вклучувајќи ги филмовите на Клои Жао, Алфонсо Куарон, Алехандро Инариту, Гиљермо дел Торо и Демиен Шазел.
View this post on Instagram
На фестивалот дебитираа и неколку идни победници за најдобар филм, како што се „Nomadland“, „The Shape of Water“ и „Birdman“.
Ова е најдобро облечeниот маж во 2019: Жените се во шок! (ФОТО)
Бен Афлек ја потврди врската со прекрасната Бонд девојка! (ФОТО)