ПРОЕКТ МКарти: Кои се истакнатите претставници на дијаспората први носители на МКарта

Фото: МИА

Проектот, кој произлегува од надлежностите на Министерството за надворешни работи поврзан со дијаспората, беше претставен во мај оваа година од страна на министерот Бујар Османи

Во рамки на проектот „МКарта”, денеска е остварена видео средба со истакнати претставници на дијаспората, избрани да бидат носители на првите МКарти.

Проектот, кој произлегува од надлежностите на Министерството за надворешни работи поврзан со дијаспората, беше претставен во мај оваа година од страна на министерот Бујар Османи.

Како што информира МНР, денешната видео-средба следува по приемот организиран во просториите на Министерството за надворешни работи за припадниците на дијаспората, но и како продолжение на многубројните проекти кои Министерството ги развива, а кои директно се поврзани со дијаспората.

На предлог на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија вкупно 68 истакнати членови на нашата дијаспора беа избрани да ја добијат картата, меѓу нив – научници, универзитетски професори, лекари, уметници, бизнисмени, менаџери и сопственици на компании, кои со својот професионален успех на најдобар можен начин ја претставуваат нашата држава.

-Со проектот „МКарта” се создава мост за соработка меѓу дијаспората и Северна Македонија, но и успешна и вредна мрежа на личности кои се најдобри во своите професии и кои со својата посебност оставиле белег во новите средини каде се успешно интегрирани. Целта е да се зацврсти врската со нив, преку дополнителен поттик за заемно изнаоѓање начини за зголемување на можностите за соработка, за поголемо вклучување на дијаспората во општествениот живот на земјава и нивна натамошна активна улога во промоција на нашата држава во странство, стои во соопштението. 

Со картата се добиваат одредени бенефиции, како предност при аплицирање за проекти во рамки на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, поддршка во случај на нови бизниси, слободен влез на културни настани, музеи и галерии и би се добиле и други погодности, на чие проширување се работи во соработка со други институции.

Од МНР наведуваат дека проектот „МКарта” е континуиран процес и ќе продолжи зависно од предлозите што ќе пристигнат од страна на дипломатско-конзуларните претставништва. 

Кои се носители на првите МКарти?

1. Самед Винца – Секретар на најголемата организација која обединува наши граѓани во Виена. Познат стопанственик во австриската бизнис заедница.

2. Заре Марковски – Кошаркарски тренер. Давесет и четири сезони тренерска кариера и учество во елитни, пред се европски натпреварувања во Турција, Франција, Швајцарија.

3. Благој Нацоски – Познат тенор во светот. Изминатите години бележи огромни успеси во Миланска Скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија.

4. Др. Димитар Ефремов – Познати научник со отпечатени трудови во најпознатите светски списанија од подрачјето на хематологијата, онкологијата и имунологијата

5. Др. Иво Бошковски – Еминентен и ценет хирург, гастроентеролог од Италија.

6. Неда Ахчиева – Поранешен консултант за образовни програми на УНЕСКО во Доха. Во моментот ангажирана како проектен специјалист во катарската државна фондација за образование, наука и социјален развој.

7. Елени Коровеш – Економист-финансиски аналитичар во Катар.

8. Д-р Горан Петровски – Угледен ендокринолог од Катар. Предавач на меѓународни конференции за технологија за дијабетес во Европа, САД, Средна Исток, Азија и Африка.

9. Бесим Зеќири – Менаџер во Норвешка инвестициона компанија. Раководител на НОРМАК Слободната економска зона.

10. Игор Панчевски – Поранешен сопственик на компанија во Норвешка во областа на ИТ технологијата, со над 400 вработени и актуелен директор на одделот за стратешки развој на компанијата. Изумител на апликацијата Спаркпарк, и косопственик на SparkparkAS, Norway, апликација која наскоро ќе биде користена од сите провајдери на електрични скутери во Скандинавските земји и ЕУ.

11. Катерина Туџаровска Настевска – Преведувач и активист на нашата дијаспора во Норвешка.

12. Мелјаим Мена – Успешен бизнисмен од Норвешка.

13. Ружди Хоџа – Познато лице на нашата дијаспора во Норвешка. Бизнисмен.

14. Сухат Мустафа – Биснисмен од Норвешка. Активен член на нашата дијаспора.

15. Кумрије Рушити – Адвокат од Норвешка. Активен член на нашата дијаспора.

16. Ристе Гуштеров – Успешен бизнисмен, филантроп и хуманист од САД.

17. Глигор Ташковиќ – Успешен бизнисмен од САД. Активен член на нашата заедница.

18. Ацо Соколовски – Успешен бизнисмен и иноватор од САД.

19. Цане Клокановски – Менаџер на филијала на авионска компанија во САД.

20. Победа Пискачева Ристиќ – Независен продуцент, водител и новинар во Канада, со над дваесетгодишно искуство.

21. Елена Стојческа – Професор по флејта од највисока класа, актуелен директор на Конзерваториумот во Livry-Gargan. Активна во промоцијата на нашата култура во Франција во изминативе 15 години.

22. Фејсал Далипи – Истакнат гастроном во Копенхаген.

23. Силвана Силва – Познат ликовен уметник во Данска.

24. Бардул Ислами – Новинар од Данска.

25. Наим Јумниу – Радиски новинар од Данска.

26. Аднан Асановски – Познат бизнисмен од Данска.

27. Даут Елмази – Менаџер во данска приватна компанија.

28. Тони Неделковски – Познат угостител и сопственик на ресторан во Данска.

29. Методија Папазоски – Специјалист за управување и водење на истражувања, консултантски и советодавни проекти од повеќе земји во Централна и Југоисточна Европа Истакнат стручњак во својата област во Полска.

30. Томислав Кецман – Косопственик на повеќе производствени фабрики на метална индустрија и сопственик на повеќе недвижности во САД, Полска и Австрија. Активист во Полско-македонското Друштво, доајен на нашите претставници од дијаспората.

31. Љупчо Петровски – Активен бизнисмен во меѓународната трговија и логистика со Кина и повеќе од 20 години го унапредува на извозот на вино во Кина.

32. Феми Ислами – Познат бизнисмен од Данска.

33. Фросина Витковска – Доктор по филозофски науки и лингвистика и вонреден професор на Колеџот за странски јазици на Правно-економскиот универзитет Џонгнан во Вухан. Лингвистички истражувач, автор на Речник и Македонско – кинески разговорник и на неколку поетски збирки.

34. Д-р Татјана Коб – Доктор по медицина, професор на Џеѓианг универзитетот во Хангџоу ја води програмата Menthorship4SDGs. Таа е меѓународно активна како советник за грантови во областа на јавното здравје (во рамки на СЗО) и во широк спектар на активности во хуманитарниот сектор и здравствена дипломатија (UNHCR, UNICEF).

35. Радмила Томовска – Професор на Баскискиот Универзитет во Шпанија.

36. Владимир Попоски – Познат офталмолог во Шпанија.

37. Џејсон Камбовски – Активист во нашата дијаспора и здруженија во Викторија, Австралија.

38. Славко Веселиновски – Активен промотор и поддржувач на нашата дијаспора во Австралија.

39. Виолета Чаповска – Познат ликовен уметник од Австралија.

40. Сумер Сипахи – Познато име на политичкиот и општествен живот во Турција.

41. Хулја Абдула – Активен учесник во активностите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара, како консултант и водење на деловни форуми што се одржани во Република Турција во рамките на инвестициски проекти.

42. Мелехат Парс – Автор е на турско – македонски речник и преведувач. Меѓу иницијаторите за отварање на катедрата по македонски јазик при Анкарскиот Универзитет.

43. Исмаил Изети – Познат бизнисмен во Германија и активен член на дијаспората.

44. Сабедин Абази – Угледен бизнисмен од Германија и активен член на дијаспората.

45. Др. Ардиан Мустафа – Заменик претседател на здружение на албански лекари во Германија. Познато име на дијаспората.

46. Накибе Адеми – Познат адвокат од Хамбург, Германија.

47. Илир Фејзули – Активен член на нашата дијаспора и здружението Мергими во Италија.

48. Зоран В’лков – Познат ктивист на нашата дијаспора во Тузла, Босна и Херцеговина.

49. Емица Ниами Налбантиќ – Долгогодишен новинар и активен член на нашата дијаспора во Сараево, Босна и Херцеговина.

50. Амела Лимани – Активно име на нашата дијаспора во Босна и Херцеговина. Директор на компанија за бизнис и консалтинг на регионално ниво.

51. Тодорка Гајдова Јовановиќ – активен претставник на нашата заедница во Босна и Херцеговина.

52. Вирџинија Еванс – Долгогодишен организатор на Македонски филмски фестивал

53. Ферзи Беќири – Познат бизнисмен од Торонто. Активен во културно-општествениот живот на нашата дијаспора во Канада.

54. Проф.д-р Жан Гогушев – лекар, истражувач во INSERM, специјалист онколог во Франција.

55. Јасмина Шопова – Поранешен висок функционер во УНЕСКО. Активна во промоцијата на нашата земја на културен план од осамостојувањето до денес, како и во однос на нашите активности во УНЕСКО во изминативе години.

56. Маријан Денков – Сопственик на дизајнерска куќа, со светско реноме.

57. Др. Горан Секуловски – Професор-истражувач во Универзитетот Париз 8, Франција.

58. Васка Вандевска Радунвиќ – Доктор на науки и професор и шеф на одделот по ортодонција во Универзитетот Осло. Избран претседател на конгресот на Европското друштво за ортодонција, што ќе се одржи во Осло, во 2022 година.

59. Зоран Радунвиќ – Познат кардиолог и раководитле во медицинскиот центар „Специјалистички центар парк Пилестредет” во Норвешка. Учесник на бројни истражувачки проекти.

60. Блерим Т. Ѓони – Филантроп. Активен во политичкиот и општествен живот во Норвешка.

61. Зорица Азањац – Лекар. Успешна и позната личност на нашата дијаспора во Норвешка.

62. Менсур Шаќири – Инженер во областа на ИТ технологијата. Успешен деловен човек и активен член на нашата дијаспора во Норвешка.

63. Емилија Котевска – Познат и ценет невролог и интернист во Полска. Оргзанизатор на многу активности за пропагирање на нашата земја во Полска и помош на дијаспората.

64. Др Зоран Стојчев – Раководител на одделот за онколошка хирургија во Радом, Полска. Истакнато име во својата област и промотор на нашата земја во Полска.

65. Здравко Стаматоски – Академски предавач, лингвист и преведувач од македонски на полски јазик. Лектор по македонски јазик на повеќе универзитетеи во Полска.

66. Ѓорѓи Димчевски – Етаблиран претставник на новата генерација музичари од Северна Македонија со завидна светска кариера. Концерт-мајстор на Оркестарот Валенсија, Шпанија.

67. Маика Маковски – Музички уметник од Шпанија. Има изградено успешна интернационална кариера. но на своите македонски корени се навратила пред само неколку години.

68. Тони Матичевски – Меѓународно признат австралиски моден дизајнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот