Фото: Фанбој нејшн

Продуцентката на израелската серија „Техеран“ е пронајдена мртва во хотел во Атина

Израелската продуцентка на популарната шпионска ТВ-серија „Техеран“ била пронајдена мртва во неделата во хотелска соба во Атина, а истрагата за случајот е во тек, пренесе „Катимерини“.

Телото на 52-годишната жена, идентификувана како Дана Еден, било пронајдено откако роднина неколкупати безуспешно се обидувал да стапи во контакт со неа.

Според наводите на полицијата, случајот засега се третира како самоубиство врз основа на собраните докази и сведочења.

Грчките истражители на местото на настанот пронашле таблети, а судскиот лекар утврдил и модринки на вратот на жртвата.

„Ова е момент на голема тага за семејството, пријателите и за колегите“, соопшти меѓународната продукциска куќа „Дона и Шула продакшнс“ во изјава за медиумите.

Од продукциската куќа појаснија дека гласините за кривично дело или за смрт поврзана со националистички мотиви не се точни и се неосновани, апелирајќи до медиумите и јавноста да се воздржат од објавување непроверени тврдења.

Еден престојувала во Грција каде што се снимала четвртата сезона на серијата „Техеран“.

Висок босански функционер е пронајден мртов во стан во Бања Лука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот