Фото: Филантропски форум / Принтскрин

Висок босански функционер е пронајден мртов во стан во Бања Лука

Во стан во Бања Лука во петокот е пронајден мртов шефот на Секторот за ревизија и контрола во Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Седин Мешиновиќ, објави босански „Вечерњи“.

Според неофицијални информации, Мешиновиќ претходно не одговарал на телефонските повици, по што било решено да се провери неговата состојба во станот. По доаѓањето на адресата, било затекнато неговото тело.

Околностите под кои настапила смртта засега не се официјално познати. Неофицијално, смртта настапила по природен пат.

Мешиновиќ е роден во 1985 година во Тешањ. Бил дипломиран правник. По завршувањето на студиите бил вработен во осигурителна компанија, а во 2009 година се вработил во Управата за индиректно оданочување (УИО).

ФОТО | Во возило во Приштина е пронајден мртов политичар од партијата на Харадинај

Во УИО извршувал различни функции: инспектор во Групата за контрола на големи даночни обврзници во Бања Лука, соработник во Одделот за контрола на големи даночни обврзници во Секторот за даноци во Централната канцеларија на Управата за индиректно/непосредно оданочување, инспектор во Групата за контрола на големи даночни обврзници во Тузла, раководител на Групата за ревизија и контрола при Одделот за даноци во Регионалниот центар Тузла, раководител на Одделот за ревизија и контрола во Секторот за даноци во Централната канцеларија на УИО, како и вршител на должност помошник-директор за Секторот за даноци.

Во меѓувреме го положил правосудниот испит пред испитната комисија именувана од Министерството за правда на Босна и Херцеговина, а во текот на 2018 година стекнал и звање сертифициран форензички сметководител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот