Рамуш Харадинај и Хекуран Хоџа | Фото: Социјални мрежи

ФОТО | Во возило во Приштина е пронајден мртов политичар од партијата на Харадинај

Во автомобил во населбата Ветерник во Приштина, како што објавија медиумите од Косово, пронајден е мртов бизнисменот од Ѓаковица – Хекуран Хоџа, кој беше кандидат за пратеник на изборите на 28 декември на листата на Алијансата за иднината на Косово (АИК), партија чиј претседател е Рамуш Харадинај.

Случајот го потврди портпаролот на косовската полиција за регионот Приштина, Енис Плана, кој изјави дека полицијата и државниот обвинител започнаа истрага за околностите на смртта.

– Околу 15:00 часот добивме информација дека во возило во населбата Ветерник во Приштина има лице без знаци на живот. Смртта на жртвата (маж) ја потврди медицинската екипа на лице место. Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага за смртта и продолжува да презема сите истражни и криминалистички дејствија што ќе помогнат во расветлување на настанот и целосно разјаснување на околностите на случајот – рече Плана.

„Хекуран Хоџа беше наш долгогодишен колега во Алијансата. Од младоста се занимаваше со политички активности во рамките на Алијансата, каде што секогаш се истакнуваше со својата блискост, коректност и почит кон сите. Неговата смрт нè шокираше сите! Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до чесното семејство Хоџа, пријателите и сите колеги во Алијансата“ – напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот