Продолжува обновата на ООУ „Димитар Миладинов”

Во тек е замена на фасадната столарија на основното ООУ „Димитар Миладинов” во Општина Центар. Освен вратите и прозорците во училиштето, целосно се менува поткровната конструкција и електричната инсталација, а дополнително се поставува и ново осветлување.

Овие активности следат по замената на постоечката фасада на училиштето со комплетно нова и енергетски ефикасна во февруари годинава.

Замената на фасадната столарија дополнително ќе придонесе кон подобра топлотна изолација, заштеда на електричната енергија, намалување на сметките за струја до 30% во зимските месеци, како и поголема енергетската ефикасност за повеќе од 18%, што претставува и начин за справување со загадувањето во Скопје. Освен фунционалниот аспект, новата фасада на училиштето е збогатена со колоритни графити и мурали кои ги изработија реномираните стрит арт уметници, Миро Грчев и Младен Трендевски, соопшти Општина Центар.

Обновата на фасадата и фасадната столарија на ОУ „Димитар Миладинов” се прави по повеќе од 65 години, прв пат од неговата изградба во 1954 година. Проектот е финансирана со средства од грантот кој Општина Центар го доби од Амбасадата на Република Бугарија во износ од 130.000 евра, и исто толку средства издвои и општината.

Целосната реконструкција на едно од основните училишта со најдолга традиција на територијата на Општина Центар е предвидено да заврши до крајот на летниот распуст, а новата учебна година учениците ќе ја започнат во комплетно обновеното училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот