Продолжете ѝ го векот – како божиќната ѕвезда да ви цвета преку цела година!

Фото: Пиксабеј/ Wikimedia commons

Навикнавме ова растение да го нарекуваме божиќна ѕвезда, но нејзиното вистинско име е Euphorbia Pulcherrima. Нејзините карактеристични интензивно црвени листови (кои личат на цветови) ја направија исклучително популарна во времето на Божиќ. Сепак, не секој знае дека ова растение постои и во варијанти на други бои, како и дека може да цвета во текот на целата година – се разбира, доколку правилно се грижите за неа. Станува збор за прилично чувствително растение кое страда ако не се грижите правилно за него, па не чуди што луѓето често го запоставуваат и отфрлаат веќе во првите денови од јануари. Ако имате намера и оваа година да се почестите со една божиќна ѕвезда, прочитајте го водичот за да можете да уживате во нејзината убавина и по празниците и да дознаете што треба да направите за таа повторно да цвета секоја година.

Нега за божиќната ѕвезда во текот на зимата

Тоа е само навидум едноставно: на крајот на ноември и почетокот на декември, божиќните ѕвезди се продаваат на секој чекор во својот полн сјај и убавина, но што да правите со нив откако ќе ги купите? Кога божиќната ѕвезда ќе ја донесете дома, ставете ја на место каде што ќе има многу светлина, но не директно. Чувајте ја подалеку од прозорци свртени кон југ и подалеку од извори на топлина (од радијатори). Многумина веднаш ја прават оваа почетничка грешка. Погрижете се да не е премногу изложена на провев. Наводнувајте ја само почвата и тоа двапати неделно, внимавајќи да не се задржува вода во подлогата. Сосема е нормално што, почнувајќи од дното, зелените листови (тие се најстари) постепено пожолтуваат и паѓаат, но не грижете се, растението не страда! Продолжете да го полевате до средината на март, кога на неа ќе останат само црвените делови.

Нега од март до април

Кога ќе паднат сите зелени листови, време е да ги исечете голите гранки на висина од околу 12-15 см од тлото. Притоа, не заборавајте да ги заштитите рацете со ракавици: истекувањето на растителниот сок е знак дека растението е сè уште живо, но може да ја иритира кожата.

Нега од мај до септември

Со доаѓањето на топлите месеци, преместете ја божиќната ѕвезда во сад од теракота, додадете уште неколку грстови универзална земја и потоа ставете ја на отворено, во полусенка. Од ластарите на голите гранки ќе никнат нови светло зелени листови и наскоро вашето растение ќе добие прекрасна нова „фризура“. Што се однесува до залевањето, доволно е еднаш или двапати месечно, но задолжително во водата за залевање додадете течно ѓубриво за зелените растенија.

Нега од октомври до ноември

Со првите постудени денови, божиќната ѕвезда вратете ја во куќата. Доволни ѝ се осум часа светлина дневно за многу брзо да поприми црвена боја, розова или бела. Во текот на овие два месеца продолжете да додавате ѓубриво во водата, но сега ѓубривото наменето за домашните растенија. Вашата божиќна ѕвезда сега е подготвена за божиќните празници!

Колку треба да се полева?

Во текот на периодот на цветање, божиќната ѕвезда треба да се полева во просек на секои два дена, а во лето онолку често колку што се суши почвата.

Каде да ја чувате?

Во зима, можете да ја чувате во домот, во добро осветлена просторија, но не изложена на директна светлина и подалеку од извори на топлина. Во лето можете да ја извадите на балкон или во градина, но во  полусенка.

Како да направите растението да трае што е можно подолго

Така што во текот на целата година да го полевате на соодветен начин, напролет да го закројувате и да го преселите на отворено. Билката треба во зима да биде во куќата, а во лето надвор, но во полусенка.

Кога треба да биде во мрак?

Важно е божиќната ѕвезда да бидат во темница од доцните попладневни часови па во текот на целата ноќ, но од раните утрински часови па натаму добро е да има што повеќе светлина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот