Продадено првото дигитално уметничко дело за 70 милиони долари

Instagram

Аукциската куќа „Christie’s“ соопшти дека на аукција бил продаден првиот дигитален колаж од уметникот по име „Бипл“, за скоро 70 милиони долари – сума повисока од многу други физички уметнички дела од познати уметници. 

Делото насловено „Еverydays: The First 5,000 Days“ беше продадено за 69,4 милиони долари на онлајн аукција, позиционирајќи го „Бипл“ меѓу првите тројца највредни живи уметнции, пишува „The Guardian“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Howard Corley (@hmc.arts)

Од аукциската куќа велат дека ова е првпат да понудат целосно дигитално дело на продажба, кое во себе содржи уникатен токен со кој се гарантира дека станува збор за оригинално дело. Воедно, ова е првпат да се користи криптовалута за да се купи уметничко дело на аукција досега.

Уметникот „Бипл“ со вистинско име Мајк Винкелман вели дека ова е ново поглавје во историјата на уметноста.

Во последните дваесетина години уметниците користеа хардвер и софтвер за да создаваат уметнички дела и да ги дистрибуираат на Интернет, но досега не постоеше начин делата да се поседуваат вистински. Со овој уникатен токен, тоа се промени. Верувам дека сведочиме на почетокот на следното поглавје во историјата на уметноста, дигиталната уметност“, вели тој.

Аукциската куќа „Christie’s“ не го откри идентитетот на купувачот на уметничкото дело, кое се состои од 5.000 индивидуални дигитални слики споени од страна на уметникот, а секоја една слика, претставува посебен ден од мај 2007 година.

Токените се електронски идентификатори кои потврдуваат дека одредено дигитално дело е вистинско. Токените во последниве години сè почесто се користат со цел да докажат дека некое дело е единствено и се насочени кон решавање на проблемот кој е од суштинско значење за дигиталните колекционерски дела – како да се бара сопственост на нешто што може лесно и бесконечно да се дуплира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот