Фото: ОФМ

Проблеми за селекторот Миленкоски: Еден откажа, друг под знак прашалник

По првиот собир на машката одбојкарска репрезентација во Струмица, селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб добиваат појасна слика за расположливиот играчки кадар во пресрет на настапот во ЦЕВ Златната Европска лига.

Од самиот старт, селекцијата се соочува со кадровски предизвици. Средниот блокер на Штип УГД, Михајло Мирасчиев се појави на собирот, но поради приватни причини го откажа повикот и нема да биде дел од тимот во овој циклус.

Под прашалник е и учеството на уште еден играч на иста позиција, Филип Маџунков. Тој се стави на располагање и активно тренира со тимот во Струмица, но паралелно очекува и нова операција на десното колено. Имено, Маџунков веќе ја има санирано повредата на левото колено, по интервенција на крајот на февруари, но новата здравствена ситуација би можела да го тргне од составот за натпреварите во Златната лига.

Селекторот Миленкоски, раководството на Одбојкарската федерација и лекарскиот тим се во консултации и наскоро ќе одлучат дали операцијата ќе се изврши веднаш. Доколку тоа се случи, Маџунков ќе го пропушти јунскиот циклус, но би се вратил за важните квалификациски средби со Грција и Грузија во август.

Репрезентацијата ќе остане во Струмица до следната недела, каде што ќе се подготвува во полн состав. Потоа заминува за Марибор, каде на 24 и 25 мај ќе одигра два пријателски натпревари против Хрватска – генерална проба пред стартот на годинешната Златна Европска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот