Проблеми за Реал Мадрид, Карло Анчелоти позитивен на коронавирус

Карло Анчелоти нема да го предводи Реал Мадрид на гостувањето кај Селта/ фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, нема да ја предводи екипата на натпреварот што треба да се игра в сабота на гости против Селта, бидејќи позитивен на коронавирус.

– Нашиот тренер Карло Анчелоти има позитивен тест на коронавирус и мора да оди во изолација – соопшти Реал Мадрид.

Анчелоти сигурно нема биде на клупата на Реал на натпреварот против Селта, а несвесно е дали и ќе ја предводи екипата на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Челси што треба да се игра на 6. април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот