Проблеми за Партизан: Двајца кошаркари поради војната не можат да го напуштат Дубаи
По нападот на Иран врз територијата на Обединети Арапски Емирати, вклучително и градот Дубаи, безбедносната состојба во регионот дополнително се усложни, а загриженоста се прелеа и во спортските кругови.
Препорачано
Сè погласни се шпекулациите дека Кошаркарски клуб Дубаи би можел да остане без можност да ги организира своите натпревари во Евролигата и АБА лига, доколку безбедносните услови не се стабилизираат. Во таков случај, клубот би морал да бара алтернативен терен каде што би бил домаќин.
Во меѓувреме, се појавија информации дека во Дубаи се наоѓаат и двајца кошаркари на Партизан, Дилан Осетковски и Шејк Милтон, кои поради актуелните околности засега не можат да ја напуштат земјата. Од клубот нема официјална потврда за евентуални проблеми, но ситуацијата внимателно се следи.
Развојот на безбедносните и политичките случувања на Блискиот Исток ќе биде клучен и за спортот. Доколку дојде до понатамошна ескалација, тоа несомнено би можело да влијае врз организацијата на натпреварувањата, како во Израел, така и во земјите од Персискиот Залив. Во такво сценарио, спортските институции и клубовите ќе мора да разгледаат резервни решенија за да обезбедат непречено продолжување на сезоната.
ВИДЕО: Нападот на Иран врз Абу Даби прекина натпревар на млади кошаркари, се огласи и Евролигата


