Евролига прекин/Screenshot

ВИДЕО: Нападот на Иран врз Абу Даби прекина натпревар на млади кошаркари, се огласи и Евролигата

Квалификацискиот турнир за млади кошаркари во организација на Евролига доживеа неочекуван и драматичен прекин поради безбедносната состојба на Блискиот Исток.

Домаќин на натпреварувањето е Абу Даби, каде што настапуваат младинските тимови до 18 години на Реал Мадрид, Жалгирис, Арис, Монако, Дубаи, Абу Даби, Лондон и Валенсија.

Во моментот кога се играше дуелот меѓу Монако и Арис, пристигнаа информации за ракетен напад на Иран врз американски воени бази на Блискиот Исток, меѓу кои и објект лоциран во Абу Даби. Поради безбедносни причини, организаторите веднаш ја прекинаа средбата.

Набрзо потоа, од Евролигата излегоа со кусо соопштение во кое информираа дека турнирот е прекинат до дополнителна проценка на ситуацијата, при што безбедноста на играчите и стручните штабови е ставена на прво место.

ВИДЕО | Паника на улица во Катар – проектил експлодира во близина на минувачи

МНР: Деветмина Македонци побараа евакуација од Израел, небото останува затворено до понеделник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот