Проблеми во рајот: Амал Клуни вознемирена и љубоморна на Џулија Робертс

Фото: Профимедиа/ЕПА

Додека Џулија Робертс го снима филмот со Џорџ Клуни, неговата сопруга Амал Клуни не е најсреќна поради тоа. Како што тврди неименуваниот извор, Џулија на никого не дава да ги посетува на снимањето, па ниту на Аман и неговите близнаци.

Сепак, наводно Амал е дополнително вознемирена и нервозна бидејќи не ја сака премногу Џулија, токму поради силната хемија која таа ја има со Клуни.

Фото: Профимедиа

Додека Џорџ е возбуден поради новата соработка со Џулија, Амал е вознемирена поради тоа што мора да се држи на страна од сетот.

„Џорџ не сака Амал да доаѓа на сетот бидејќи не сака неговата сопруга и децата да патуваат во време на пандемијата, но Амал се сомнева дека под неговата грижа се крие уште нешто. Таа никогаш не се чувствувала удобно во друштво на Џулија“, тврди изворот.

Фото: Профимедиа

Исто така, интересен е и фактот што некое време се шушка дека бракот на Џулија со Даниел Модеро е на стаклени нозе.

Останува да видиме дали таму каде што има дим има и оган…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот