Килијан Мбапе, Џуд Белигем и Винисиус/Real Madrd CF

Проблеми имаат сите: Дури 30 фудбалери во ЛШ можат да бидат суспендирани за вторите натпревари

Вечерва стартува четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде осумте најдобри тимови ќе се борат за место меѓу четирите најсилни во Европа. Секој детаљ може да биде одлучувачки, а тоа важи и за потенцијалните суспензии.

Вкупно 30 фудбалери од сите осум клуба се под закана да го пропуштат реваншот следната недела доколку заработат жолт картон во првите дуели. Сепак, дел од нив и така нема да играат поради повреди, меѓу кои се Родриго од Реал Мадрид, Конор Бредли од Ливерпул и Пабло Бариос од Атлетико Мадрид.

Најголеми проблеми има Атлетико Мадрид, каде осум играчи се под закана за суспензија. Во Реал Мадрид еден помалку, но клубот треба да внимава на своите ѕвезди, Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Во Барселона на удар се Ламин Јамал и Фермин Лопез.

ФУДБАЛЕРИ СО ЖОЛТИ КАРТОНИ:

Реал Мадрид: Хујсен, Карерас, Чуамени, Белингем, Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго (повреден)
Баерн Минхен: Лајмер, Упамекано
Спортинг: Луис Суарез
Арсенал: Зубименди, Норгард
ПСЖ: Кварацхелија, Нуно Мендеш
Ливерпул: Бредли (повреден), Гравенберх, Џонс, Ван Дајк
Барселона: Жерар Мартин, Касадо, Фермин Лопез, Ламин Јамал
Атлетико Мадрид: Љоренте, Ле Норман, Ленгле, Пубил, Руџери, Симеоне, Алмада, Бариос (повреден)

Време е за спектакл во Лигата на шампионите: Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот