Проблем за Милвоки: Се повреди Адетокумбо

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Екипата на Милвоки славеше во натпреварот против Бостон изминатата вечер (104:91), но во таборот на домашниот тим не можат комплетно да бидат задоволни бидејќи во третата четвртина паркетот поради повреда го напушти Јанис Адетокумбо.

По натпреварот беа направени медицински прегледи кои покажаа дека грчкиот кошаркар избегнал посериозна повреда и не ја оштетил Ахиловата тетива. Но, без разлика и во таква ситуација повторно го чека пауза.

Најавите се дека ќе биде надвор од терените од две до четири недели. Најголемиот проблем за Милвоки е што ќе го пропушти стартот на плеј-офот кој стартува за десет дена.

На табелата во регуларниот дел Милвоки во овој момент на второто место.

ВИДЕО | Милвоки и Бостон одиграа историски натпревар во НБА лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот