Настанот се одржа во НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип

Признанија за Божин Павловски и „Стожер“ на манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на Ацо Шопов

Во организација на НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип, на 22 април, во Спомен-собата на установата, се одржа манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт.

Настанот беше посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и имаше за цел да придонесе кон негување и афирмација на неговото литературно наследство.

Во рамки на манифестацијата беа доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов на Божин Павловски, како и на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија.

Ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ во Штип читаа поезија од Шопов, додека академик Божин Павловски говореше за животот, делото и значењето на поетот. За творештвото на Павловски се осврна Блаже Миневски, а главната и одговорна уредничка на ревијата „Стожер“, Марина Мијаковска, зборуваше за триесетгодишното постоење на оваа ревија на ДПМ.

Настанот заврши со доделување на признанија за особен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов. Проектот е целосно финансиран од македонското Министерство за култура и туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот