Приврзаници на Имран Кан протестираа на улиците на Исламабад

Протести во Исламабад/Фото: EPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD

Неколку илјади приврзаници на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кој е во затвор, се собраа денеска во Исламабад и покрај блокадата на главните улици.

Демонстрантите ги отстранија блокадите што властите ги поставија на главните улици во центарот на Исламабад.

Партијата на Кан Техрик-е-Инсаф (ПТИ) организираше ваков масовен собир за прв пат откако е уапсен.

Кан и ПТИ тврдат дека сите случаи, вклучително и корупцијата, изведени пред судот против него се политички мотивирани.

Тој беше на власт од 2018 година, а во 2022 година беше заменет со гласање недоверба. Неговото апсење минатата година предизвика лавина протести на неговите приврзаници, што предизвика репресии од страна на државата.

Се верува дека тој ја изгубил довербата на војската, а ПТИ тврди дека кандидатите на партијата освоиле најмногу места на парламентарните избори во февруари, но на крајот не успеале да формираат влада која беше формирана од коалиција на други партии кои се сметаат за блиски до војската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот