Приведен Словенец кој седум пати се вакцинирал против ковид во име на други луѓе

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Словенец е приведен откако во изминатите два месеци седум пати се вакцинирал против ковид-19, а покрај него, кривично ќе одговараат уште четворица други, на чие име се тој се вакцинирал за да можат тие да добијат ковид сертификати.

Овие луѓе се обвинети за манипулација при вакцинацијата, зашто намерно ги довеле во заблуда здравствените власти за да им издадат ковид-потврди. Тие може да добијат до три години затвор, пишуваат словенечките медиуми.

Според полицијата, четворицата мажи кои не сакале да се вакцинираат, за пари ангажирале лица со социјални потреби, кое во различни центри за вакцинација, се вакцинирале користејќи ја нивната здравствена легитимација. Човекот бил уапсен при осмиот обид за вакцинација и сега се наоѓа во притвор.

„Лицето за тие вакцинирања од другите четворица осомничени, кои ги искористиле неговите потреби и околности во кои живее, добило ниска парична награда, а тие го навеле на кривично дело, не водејќи сметка за неговото здравје“, стои во соопштението на словенечката полиција.

Првите случаи на слично фалсификување на ковид статусот во Словенија се забележани во септември, кога во Љубљана беа пријавени неколку случаи дека оние на кои им треба потврда за КОВИД, а не сакаат да се вакцинираат, ангажирале други и им платиле. Вообичаено, тоа го преземале луѓе од маргините, бездомници или зависници, а за една добиена доза добивале околу 150 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот