Приведен скопјанец баран со потерница

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера во 20:10 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, го лишиле од слобода триесет и тригодишниот Т.П. од Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот