крштевка веселба свадба забава журка прослава живели
Прослава / Фото: Архива на „Слободен печат“

Приватна забава во стан во Струмица, ќе има пријава против 22-годишниот сопственик

При контрола на стан на 22-годишен струмичанец полицијата синоќа открила дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од МВР.

– Денеска во 03:40 часот, по претходна пријава и по овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле контрола во стан на булевар „Ленинова” во Струмица, сопственост на Д.А.(22) од Струмица, при што било констатирано дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, од МВР информираат дека, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот