Фото: Volodymyr Tverdokhlib / Alamy / Profimedia

Приватна детективка открива — мажите што изневеруваат често имаат една необична навика

Приватна истражителка од Австралија, која со години открива случаи на неверство, тврди дека постои една необична навика што често ја имаат мажите кои ги изневеруваат своите партнерки – опсесивно чистење на автомобилот, пишува „Ледбајбл“.

Кеси Крофтс, која ја води платформата „Венус инвестигејшнс“, специјализирана за проверки на партнери и откривање неверства, вели дека низ годините забележала повторлив модел кај многу мажи што започнуваат афера.

„Јас сум приватен истражител и сум открила стотици неверства. Постои еден навистина чуден знак што постојано се повторува кај мажите кои изневеруваат“, рекла таа.

Според неа, не станува збор за класични знаци како доцнење од работа или постојано користење телефон, туку за нешто многу посуптилно – автомобилот одеднаш станува беспрекорно чист.

„Мажите почнуваат редовно да го перат автомобилот, да го носат на детално чистење и да внимаваат сè да биде совршено средено, иако претходно тоа воопшто не им било важно“, објаснила Крофтс.

Таа додава дека на почетокот на нова врска или афера луѓето често вложуваат повеќе труд не само во својот изглед, туку и во впечатокот што го оставаат преку работите што ги поседуваат.

„Има нешто во новата афера што ги тера мажите да сакаат совршено чист автомобил“, вели таа.

Маж кој си го чисти својот автомобил / Фото: Alexander Borisenko / Alamy / Profimedia

Нејзиното видео предизвикало бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина споделиле сопствени искуства.

„Мојот поранешен партнер постојано проверуваше дали сум ги земала сите мои работи од автомобилот – очила, шише вода, капа… Сега ми е јасно зошто“, напишала една жена.

Друга открила дека во автомобилот на поранешниот сопруг пронашла маскара од друга жена.

„Тој секогаш го чистеше автомобилот за да не остане ништо сомнително“, напишала таа.

Некои корисници додале дека покрај чист автомобил, чести „аларми“ се и нов парфем, нова фризура или ненадејна опседнатост со изгледот.

Според анкета на „ЈуГов“, секој петти возрасен човек во Велика Британија признал дека барем еднаш го изневерил партнерот.

Истражувањето покажало и дека мажите почесто започнуваат афери со колешки од работа, додека жените најчесто влегуваат во врски со луѓе од блискиот круг пријатели.

Дополнително, мажите почесто повторуваат неверство – 49 проценти од мажите што изневериле признале дека тоа го направиле повеќе од еднаш, во споредба со 41 процент од жените.

@venusinvestigations When people cheat, it’s not always just their own appearance that starts improving 🤔 #privateinvestigator #cheating #dating ♬ original sound – Venus Investigations

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот