Притвор за жителот на тетовско кој предизвика пожар

Фото: МИА

Педесет и седум годишниот жител на Мерово, кој од мештаните во село беше пријавен дека предизвикал пожар доби мерка притвор.

Според информациите на СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на А.А (57) од Мерово му определил притвор од 30 дена, по што тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа затвор Скопје за издржување на мерката.

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина, информираа од СВР Тетово.

Тој беше задржан во Полициската станица Тетово, а противпожарникарската единица информираше дека огнот бил изгнасат за два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот