Притиснете ја оваа точка на лицето: Носи бројни здравствени подобрувања и предности

Фото: Инстаграм

Притискањето на оваа точка носи смирување, олеснување и позитивно влијае на здравјето. Од близу 1000 акупресурни точки на телото, се издвојува точката „Yintang“ или како што се нарекува „Градина на импресиите“.

Оваа точка се користи за ублажување на бројни здравствени тешкотии. Се наоѓа на лицето, односно на челото во центарот меѓу веѓите.

Многу луѓе оваа точка инстинктивно ја масираат со цел ублажување на главоболката и разните непријатности и болки на лицето.

Во традиционалната кинеска медицина се користи за:

– ублажување на стресот и анксиозноста
– затнат нос
– ублажување на болките
– болка во очите
– воспаление на синусите
– помага при несоница
– ја подобрува концентрацијата
– го регулира крвниот притисок

Фото: Инстаграм

Притискањето на оваа точка носи смирување и олеснување, а често се користи и во комбинација со други акупунктурни точки.

Ставете два прста на оваа точка и масирајте ја со лесни кружни движења околу 5 минути. За време на масажата можете да користите и разни есенцијални масла во зависнот од проблемот кој сакате да го отстраните.

За смирување, отстранување на стресот, помош при анксиозност и за релаксирање се препорачува масло од камилица, лаванда, темјан и сандаловина, додека за проблеми со синусите и затнат нос користете масло од еукалиптус, мајоран, пеперминт, мајчина душичка и рузмарин.

Додека се масирате, дишете длабоко и опуштете ги мислите. Кога ќе ги забележите предностите на оваа точка, ќе уживате во нејзината масажа секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот