Пристигнуваат предупредувања дека вакцината против коронавирусот може да не биде ефикасна кај оваа група луѓе

Експертите одамна предупредуваат дека прекумерната телесна тежина е главен ризик- фактор за заболување од коронавирус. 

Здравствените работници стравуваат дека потенцијалната вакцина нема да може да ги заштити луѓето со вишок килограми па со самото тоа ни општата популација.

Истражувањата во претходните години откриле дека вакцините се помалку ефикасни, во случајот на разни вируси, како и хепатитис Б, кај дебелите луѓе, правејќи ги поприемчиви на вируси и тешки компликации.

Затоа истражувачите сметаат дека слична ситуација ќе биде и со вакцината против коронавирусот, посебно во САД, која е втора земја во светот по бројот на дебели луѓе, а каде коронавирусот однел најголем број на жртви. 

– Големо е прашањето дали вакцината кај овие луѓе ќе биде ефикасна. Може да функционира, но може да не биде толку ефикасна, вели доктор Чад Петит, доцент на отсекот за биохемија и молекуларна генетика на Универзитетот Алабама во Бирминген.

Сепак, доктор Петит смета дека е подобро нешто отколку ништо, и дека дебелите луѓе мораат да ја примат вакцината, иако таа можеби нема да биде толку ефикасна како кај луѓето кои немаат вишок килограми.

– Мала заштита е подобра од никаква заштита, објаснува тој.

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести дури 42,4 отсто од возрасната популација во САД се обезни, како и 18,5 отсто деца.

Дебелината одамна е позната како фактор на ризик за неколку хронични заболувања, вклучувајќи го и дијабетесот тип 2, мозочен и срчев удар и одредени видови на канцер.

Зошто дебелината е опасна и кај заболените од коронавирус? 

Д-р Едита Стокиќ, директорка на КЦ Војводина, зборувала за тоа на една од прес конференциите.

– Искуствата покажуваат дека дебелината е поголем фактор на ризик за почесто заболување од ковид-19, па дури со порастот на степенот на дебелина доаѓа и до пораст на ризикот за хоспитализација, за прием на инфективна нега, или за приклучување на механичка вентилација, па и за поголем морталитет, објаснила докторката и додала:

– Европската асоцијација за обезност (дебелина) истакна дека до појавата на епидемијата ни беше јасно дека дебелината е болест која е здружена со појавата на бројни компликации во оваа епидемија. Тоа е нешто што мора да го земеме предвид како поради превентивни мерки, лекување, така и поради перспективата кога ќе ја имаме во свои раце вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот