Пристигнуваат нови BMW X5 и X7 со високи перформанси (ГАЛЕРИЈА)

„BMW“ на купувачите ќе им понуди два моќни „SUV“ модели опремени со уште помоќен „V8 twin-turbo“ мотор.

Поради недостаток на класичната „М“ верзија, во врвот на понудата на моделите „X5“ и „X7“ пристигнуваат верзиите „M50i“.

Станува збор за моментално најмоќните сериски „SUV“ автомобили на баварскиот производител.

„BMW X5 M50i“ и „X7 M50i“ за погон користат ист 4.4-литарски „V8 twin-turbo“ бензинец кој произведува 530 ks (390 kW), помеѓу 5.500 и 6.000 вртежи и 750 Nm достапни на 1.800-4.600 o/min.

Toа е за 68 ks и 77 Nm повеќе отколку што имаа претходните модели „X5 xDrive50i“ и „X7 xDrive50i“.

Моќта се испраќа на сите 4 тркала со помош на 8-брзинскиот автоматски менувач. „BMW X5 M50i“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за само 4,1 секунди, додека „X7 M50i“ од место до „стотка“ стигнува за 4,5 секунди.

Максималната брзина на двете верзии изнесува 209 km/h, кога на тркалата се поставени „all-season“ гуми, односно 250 km/h со летни, пневматици со високи перформанси.

[foogallery id=”27800″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот