Прислушувањето се одвивало од центарот на Скопје, по насоки на Горан Грујовски, тврди Oбвинителството

Групата, сочинета од обвинетите за незаконското масовно прислушување, била именувана „Важна“, тврди обвинителот Трајче Пеливанов во завршните зборови за предметот „Таргет-Тврдина“. Тој вели дека обвинителството има доволно докази за делото и потсети на дел од сведочењата во досегашниот процес на судење.

Ристоска: За жал ова не е ниту филм, ниту крими роман

– Јасно произлегува дека биле маркирани телефони за прислушување и тоа без судска наредба, туку по директна насока од обвинетиот Горан Грујовски, истакна Пеливанов.

Обвинителот додаде дека системот за прислушување бил инсталиран и надвор од Управата за безбедноист и контраразузнавање (УБК), односно во Бирото за јавна безбедност (БЈБ), но и надвор од кругот на Минисѕтерството за внатрешни работи (МВР).

– По налог на Горан Грујовски, сведокот Ѕвонко Костовски ја монтирал опремата во простории во близина на средното училиште „Илија Николовски-Луј“, односно кај Македонската опера и балет. Потоа и во поранешните простории на Агенцијата за иселеништво и му биле дадени конкретни насоки какви кабли и компјутери да постави, со што таму биле достапни сите мрежи што ги имало и во УБК, рече Пеливанов, дополнувајќи дека, од друга страна, во истата мрежа биле поставени и компјутери кои се наоѓале во Аероклубот, спроти средното училиште ‘Јосип Броз Тито’, но и во т.н. зграда „Парламентарка“, во близина на Железничката станица.

Според обвинителството, и од овие локации можело да се прислушува и транскрибира, но оние што тоа го вршеле, наместо да транскрибираат во постоечкиот систем, тоа го правеле во програмата „Ворд“, а таргет биле политичари и новинари.

Пеливанов нагласи дека на овие лица, вработени во службите на позиција „репродуцери“, ова делување не им било дел од редовните работни задачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот