Ристоска: За жал ова не е ниту филм, ниту крими роман

Детално објаснувајќи ги системите за следење на комуникациите и начинот на работа на телекомуникациските мрежи, обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ги искажуваат завршните зборови во случајот ‘Таргет-Тврдина’, кој се однесува на незаконското прислушување.

Ристоска во излагањето потсети на клучната улога на сведоците Ѕвонко Костовски, Сашо Трајковски и Ѓорѓи Лазаревски, преку кои од УБК беа изнесени дел од прислушуваните материјали, кои потоа, доаѓаат до тогашниот прв човек на Комисијата за безбедност на СДСМ, Зоран Верушевски, а завршуваат во рацете на претседателот на партијата Зоран Заев.

Обвинителите потсетија на сведочењето на Сашо Трајковски, кој кажа дека обвинетиот Горан Грујовски, кој е во бегство во Грција, го известил дека ќе се за уништува уредот за прислушување, а тоа, според обвинителите, се случило на 28 март 2015 година, при што опремата била ставена под хидраулична преса и доведена до непрепознатливост.

-За жал ова не е ниту филм, ниту крими роман, рече во судницата Ристоска, откако претходно во подробности објасни како сведоците ги изнесувале материјалите од УБК, односно на дискови, стравувајќи да не бидат ‘начекани во темни улички’.

Таа потсети дека обвинетите со намера да ја префрлат вината на оние кои го обелоденија прислушувањето ја спровеле акцијата „Пуч“, вперувајќи го прстот кон странски служби.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски. Обвинети се и Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинението, комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот