Приштина: Српскиот патријарх Порфирије не може да ја посети Пеќката патријаршија за Божик
Српскиот патријарх Порфирије со чудење ја примил веста дека властите во Приштина денеска му забраниле, пред големиот празник Рождество Христово што го празнува целиот христијански свет, да пристигне во Патријаршијата во Пеќ.
Препорачано
Таа е првото и вековното седиште на Српската православна црква и манастирот чиј игумен (старешина) е патријархот, соопштија од Кабинетот на Српскиот патријарх.
Се наведува дека Патријархот Пофририј не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќката патријаршија и дека очекува таа крајно дискриминаторската одлука да биде укината и да престане да се газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои живеат во покраината, на земјата на нивните предци, каде што српскиот народ непрекинато живее најмалку 1.500 години.
Патријархот Порфирије се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе, а особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот патријарх.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
7мин
-
18мин
-
32мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


