Приоритет на Иран е подобрување на односите со соседите

Новоизбрниот претседател на Иран, Ибрахим Раиси денеска изјави дека приоритет на надворешната политика ќе биде подобрување на односите со соседите и ја повика Саудиска Арабија веднаш да престане да се меша во војната во Јемен.

– Саудиска Арабија и нејзините сојузници треба веднаш да престанат да се мешаат во Јемен. Иран сака интеракција со светот затоа што приоритет на нејзината Влада е подобрување на врските со соседите во регионот, посочи Раиси.

Тој додаде дека од иранска страна нема никакви пречки за воспоставување дипломатски односи со Саудиска Арабија и повторно отворање на амбасади. Иран и Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи од почетокот на 2016 година.

Тој на првата прес-конференција по изборот истакна дека иранската надворешна политика нема да биде ограничена на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, како и оти не сака да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Раиси се осврна и на односите со САД и со Европска Унија, при тоа потенцирајќи дека Вашингтон го прекршил договорот, додека Брисел не ги исполнил своите обврски.

Тој додаде дека и покрај барањата на западните и на арапските земји од Персиски Залив, не може да се преговара за иранската балистичка ракетна програма.

– Не може да се преговара за регионалните и ракетните прашања, а САД не се придржуваа ниту до претходниот договор, со цел да влезат во нови дискусии, истакна Раиси.

Тој веќе беше мета на санкции на САД и на групите за човекови права, кои го обвинуваа дека учествувал во убиството на илјадници политички затвореници во Иран во 1988 година.

Раиси истакна дека тој треба да биде награден за одбрана на правата и безбедноста на својот народ, како и оти секогаш ги бранел човековите права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот