Принцот ВИЛИЈАМ искрено за ТРАГИЧНАТА ЗАГУБА на својата мајка: ТАА БОЛКА се чувствува како ниту една друга! (ВИДЕО)

profimedia

Британскиот принц во една ТВ емисија ја истакна важноста за менталното здравје и зборуваше за болката по трагичната смрт на принцезата Дијана.

Принцот Вилијам исклучително е посветен на БОРБАТА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ и давањето на поддршка на лицата кои со тоа се борат.

Неодамна војводата од Кембриџ во една ТВ емисија ја сподели својата потресна приказна за трагичната загуба на својата мајка, принцезата Дијана. Дијана загина во 1997 година кога Вилијам имаше само 15 години.

Во ТВ емисијата, која ја пренесуваше Би-Би-Си, принцот Вилијам истакна дека во случај на загба на драга личност во младите години се чувствува болка како ниту една друга.

Губитокот на неговата мајка стана пресвртница во неговиот живот, но тој утехата ја нашол во приказните на луѓето со слични искуства. Во емисијата тој открива и дека токму тоа го зближило со луѓето.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот