Принцот Хари се обрати преку видео: „Нашиот живот драстично се промени“

принтскрин

Принцот Хари (35) се обрати преку видео порака во пресрет на отворањето на Меѓународните воени параолимписки игри (Invictus Games) 2020, кои требаше да се случат оваа недела.

Тој се осврна на неговиот сегашен живот, откако тој и Меган Маркл (38) се преселија во Лос Анџелес. Тој призна дека неговиот живот драматично се променил.

Со видеото на сите сакаше да им даде мала поддршка додека трае пандемијата на коронавирусот. Игрите требаше да се случат оваа недела во Хаг, но како и многу други настани ширум светот, така и тие се одложени.

– Овој викенд им даваме почест на жртвите од Втората светска војна и требаше да се собереме во Холандија за да ги започнеме параолимписките игри. Но, откако последниот пат бев во Хаг, животот драматично се промени за сите нас. Новите датуми наскоро ќе бидат достапни, изјави Хари во видеото.

– Се надевам дека вашите семејства се добро. Слушнав неверојатни приказни за тоа како семејствата се собираат преку интернет платформи. Бидете вниматели и понатака, мислете на оние кои заминаа, додаде Хари.

Принцот јавувањето го искористи и за да им се заблагодари на сите оние кои на него и Меган им пружија поддршка кога ја донесоа одлуката да се откажат од кралските должности.

Хари и Меган станаа финансиски независни, а се чини и дека го пронајдоа и својот дом од соништата, во кој се преселија по кратката авантура во Канада и заминувањето од кралското семејство во Британија.

Тие ја купија куќата од поранешниот актер и комичар Тајлер Пери, вредна 18 милиони долари. Тие никогаш не се забележани во негова близина, но се вели дека токму Опра Винфри им помогнала во тоа. Луксузниот имот има осум спални соби, дури дванаесет бањи и се наоѓа во елитниот дел кој е наменет за милионери и холивудски ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот