Принцот Филип ќе остане неколку дена во болница: Од палатата тврдат дека болеста не е поврзана со ковид-19
Војводата од Единбурк беше примен во болница во вторникот вечерта, по препорака на неговиот лекар, соопштија од Бакингемската палата.
Препорачано
Принцот моментално се наоѓа во болницата „Кинг Едвард VII“ во Лондон и ќе мора да остане таму неколку дена.
„Приемот на Војводата во болницата е заради претпазливост и по препорака од неговиот лекар. Војводата се очекува да остане во болница неколку дена под опсервација и да се одмори“, стои во официјалното соопштение од кралскиот двор, пишува „People“.
View this post on Instagram
Принцот бил донесен во болница од неговиот личен возач. А не од амбулантно возило, и тој сам влегол во болницата. Неговата здравствена состојба не е толку сериозна и не е поврзана со ковид-19. Кралицата Елизабета е во замокот Виндзор, а таа и принцот Филип ја примија првата доза од вакцината за коронавирусот на почетокот на јануари.
Контактите со остатокот од кралското семејство биле сведени на минимум поради пандемијата. Затоа, кралското семејство за прв пат ја одложија прославата на божиќните празници на имотот на Сандригем каде традиционално се собираа секоја година.
View this post on Instagram
Инаку, здравјето на војводата се следи веќе некое време. Имено, во 2017 година тој беше хоспитализиран поради операција на колк, а во 2012 година поради проблеми со мочниот меур. Покрај тоа, тој доживеа сообраќајна несреќа на почетокот на 2019 година, кога неговиот „Ленд Ровер“ се прврте, но тогаш помина без сериозни повреди.
Принцот Филип во 2017 година се повлече од сите кралски должности, а со кралицата Елизабета се појавува во јавност само на посебни, важни државни и семејни прилики.
View this post on Instagram
Кралицата Елизабета и принцот Филип имаат четири деца, а во текот на нејзиното владеење имаа неколку илјади посети низ целиот свет и заедно ги надминаа најголемите скандали во британската кралска историја.
Принцот Филип е примен во болница бидејќи не се чувствувал добро


