EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/KAREL PRINSLOO

Принцот Филип е примен во болница бидејќи не се чувствувал добро

Принцот Филип, кој има 99 години, денеска е примен во болница по препорака на лекарите, бидејќи не се чувствувал добро, соопшти британското кралско семејство.

Војводата од Единбург синоќа е примен е во болницата „Крал Едвард Седми” во Лондон, се наведува во соопштението.

„Принцот е во болница, но во добро расположение. Се очекува да остане неколку дена“, велат од палатата.

Кралското семејство, исто така, наведе дека принцот Филип ќе остане во болница неколку дена на набљудување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот